Во Штип зголемена цената за одржување на градско зеленило

Nov-Park-naselba-Senjak-02
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мнозинството советници на денешната седница на Советот на Општина Штип изгласаа цената за одржување на градското зеленило да се зголеми. Но, директорот на ЈП „Исар“, Кирил Зајков, е дециден дека се врши усогласување, а не зголемување на цената и истото го оправда со двоцифрената инфлација.

-Се изврши усогласување на цената, бидејќи истата била регулирана во 2010 година. Сите сме сведоци дека од 2010 до 2023 година, особено последната година инфлацијата е двоцифрена, цената на дериватите како директен инпут во позицијата на одржување на зеленилото е рапидно зголемена, исто и минималната плата, па поради тоа се изврши усогласување на цената за одржување на јавното градско зеленило, рече Зајков.


Појасни дека на сметката која граѓаните ја плаќаат кон ЈП „Исар“ ова значи  зголемување за околу 60 денари, по основ на зголемувањето на ставката за одржување на градското зеленило.

-Еве, конкретно, физичките лица досега плаќаа 0,5 денари од квадратен метар, сега ќе плаќаат 1,5 денари од квадратен метар за станбена површина. Меѓутоа, тој износ не е некој алармантен износ, ако станува збор за просечно семејство, тоа е околу 60 денари покачување во позицијата на одржување на јавното градско зеленило, рече Зајков.

Покачување имаше и на крајот на минатата година, кога имаше корекција на цената на надоместокот за собирање смет, односно ѓубрарината, и тоа за 110 отсто како поединечна ставка. Поранешниот  директор го оквалификува покачувањето како незначително, бидејќи ако едно просечно семејство плаќало 1.000 денари сметка, со тоа би плаќало 1.080 денари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK