Во Штип одбележана 107 годишнината од Брегалничката битка


Во Штип одбележана 107 годишнината од Брегалничката битка - МИА

Штип, 29 јуни 2020 () – Во Штип денеска се одбележа 107 годишнината од Брегалничката битка, кај месност „Каленица“. На одбележувањето присуствуваа, амбасадорката на Република Србија во Република Северна Македонија, Душанка Дивјак Томиќ и градоначалникот на Општина штип, Благој Бочварски.

–Денес светот е во една поразлична борба, исправени сме пред голем здравствен предизвик кој е тест на нашето однесување.Оваа пандемија или вирус не бираат вери, нација или религија, па затоа нашата сплотеност е клучот за победа. Овие битки во кои многу наши сограѓани го изгубиле животот за слободата, треба да не учат за да не се повторуваат, вели  Бочварски.

Амбасадорката Томиќ која по 11 години на позицијата амбасадор во нашата држава заминува во пензија истакна огромна благодарност за  соработката и добриот прием. Брегалничката  битка која  се случила во 1913 година во близина на Ежово поле ја воделе српски и бугарски војници. Во месноста Каленица има поставено споменик за паднатите српски војници.

–Ќе продолжиме да сораборуваме и да градиме добрососедски односи, заеднички да чекориме кон нашата стремеж, а тоа е членството во ЕУ, рече Томиќ. вдј/

 


Во Русија се испитуваат 47 вакцини за новиот коронавирус - МИА
Вести

Нови 120 случаи со Ковид-19, четворица починати, 123 оздравени пациенти

– Во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-64, Куманово-4, Дебар-4, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-5, Битола-3, Охрид-7, Гостивар-2, Македонски Брод-1, Свети Николе-2, Кичево-5, Ресен-5. Во ГОБ […]

Имунолошкиот пасош за патување засега само размислување, има многу отворени прашања - МИА
Вести

Влезот на македонски државјани во Грција забранет на сите гранични премини

Атина, 1 јули 2020 () – Околу 10 до 15 автомобили од Северна Македонија и Босна и Херцеговина утрово биле вратени од граничниот премин Промахонас/Кулата на грчко-бугарската граница, откако сакале преку Бугарија да влезат во […]

ДИК ги отфрли приговорите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица за предвреме почната изборна кампања - МИА
Вести

Право на глас на парламентарните избори на 15 јули ќе имаат еден милион 814 илјади и 263 гласачи

Скопје, 1 јули 2020 () – Државната изборна комисија (ДИК) денеска го заклучи Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори на 15 јули. Право на глас на изборите ќе имаат еден милион 814 илјади и 263 […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*