Во сабота со протоколи за заштита од Ковид-19 ќе работи зелениот пазар во Крива Паланка


Делчевскиот Градски пазар од сабота повторно почнува со работа - МИА

Крива Паланка, 4 јуни 2020 () – Зелениот пазар во Крива Паланка ќе работи во сабота (6 јуни), но надлежните информираат дека функционира согласно мерките и препораките на Владата, Министерството за здравство и општинскиот кризен штаб  за превенција од Ковид-19.

Со градскиот пазар стопанисува  Јавното претпријатие „Комуналец“.

-На пазарот ќе биде дозволено да се продаваат само земјоделски производи од регионот на општините Крива Паланка и Ранковце, продажбата на производи ќе се врши исклучиво во затворениот дел на градскиот пазар, а сите продавачи на артикли мора да се придржуваат до упатството за минимална оддалеченост на тезгите од два метри и да опслужуваат по еден купувач на тезга. Забраната за присуство на продавачи кои доаѓаат од други градови и за друг тип на артикли останува на сила додека трае вонредната состојба. ЈП „Комуналец“ ќе превземе мерки за заштита со поставување на дезинфекциони средства на самите влезови на пазарот, информира директорот на ЈП „Комуналец, Миле Марковски.

Апелира граѓаните да не се собираат во групи и строго да се придружуваат согласно препораките на надлежните инсттуции: сите граѓани кои ќе го посетат пазарот како и сите продавачи задолжително да носат заштитна опрема.

На граѓаните кои нема да носат заштитна опрема нема да им биде дозволен влез во зелениот градски пазар. ид/


Вести

Ден на Републиката – чествувања со протоколи и без масовни собири

– Денот на Републиката 2 Август, на кој се празнуваат двата историски Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ,  поради епидемијата ќе се чествуваат без масовни собири и […]

Викендите предизвикуваат раст на бројот на новозаразени од Ковид-19 - МИА
Вести

Бројот на новозаболени под 10 отсто, се бара почитување на протоколите на плажите и на базените

Скопје, 2 август 2020 () – Бројот на новозаразени лица од Ковид -19 падна под 10 отсто. Според последниот здравствен билтен на Министерството за здравство, во последните 24  часа од направени 1621 тестови регистрирани се […]

Регистрирани 101 новозаразен со КОВИД, пет лица починати, 22 оздравени - МИА
Вести

Од 3700 активни случаи на Ковид-19, во Скопје 1426, најмногу во Чаир, Аеродром и Кисела Вода

Скопје, 1 август 2020 () – Во земјава во моментов активни се вкупно 3.700 случаи на Ковид-19, најмногу случаи се регистрирани во Скопје 1426. Според дистрибуцијата на активни случаи по општини во Скопје најмногу има во […]