Во рамки на проектот„Смарт езеро Младост“, во тек изградбата на еко камп


Во рамки на проектот„Смарт езеро Младост“, во тек изградбата на еко камп - МИА

Велес, 12 јуни 2020 () – Во рамки на проектот на Општина Велес  „Смарт езеро „Младост“, финансиран од Евроската Унија, а управуван преку Програмата за локална и регионална конкурентност на Светска Банка, во тек е реализацијата на најкомплексната активност – изградбата на еко кампот.



Како што информираат од Општина Велес, еко кампот со површина oд 1.500 метри квадратни до кој има пристапен пат,  според основниот проект, има 20 содржини. Предвидени се седум куќички за сместување во форма на барик (како симбол на винскиот пат во Вардарскиот плански регион), еко училница, патеки за прошетка, паркур патека, четири летниковци, две конструкциии за авантури за деца (една во форма на брод и една во форма на замок), дрвени платформи и дрвена кострукција за тунели за провлекување од една до друга платформа, коса трамбулина, трибина, воздушна патека, лавиринт, реквизити за детски паркови и санитарни јазли.

Изведувачи на градежните работи се градежните фирми „Делта пром“ и „Изгрев Инжинеринг“ и треба да завршат до 31 август годинава.