Во Прилеп тројца новозаболени и осум оздравени лица


Во Прилеп тројца новозаболени и осум оздравени лица - МИА

Прилеп, 30 април 2020 () – Во Прилеп денеска се евидентирани три нови случаи на заболени од Ковид-19 со што вкупната бројка на заразени е 150. Од нив досега излекувани се 49 со денеска новоизлекуваните осум пациенти.

На инфективното одделение во Прилепската болница се хоспитализирани 16 лица. Од нив, 14 се позитивни на коронавирус а двајца пациенти се наоѓаат во делот за изолација. Двајцата се негативни на Ковид-19, но задржани се поради примање терапија за подобрување на нивната општа здравствена состојба.

Во самоизолација се наоѓаат 228 лица, а изминатото деноноќие немало нарушување на полицискиот час.

Од прилепската локална самоуправа го повторуваат апелот за првомајскиот празник и продолжениот викенд да нема собирања и да се внимава на сопствената и заштитата на другите.

 


Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи - МИА
Вести

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи

Скопје, 9 јули 2020 () – Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи. Според роковникот на ДИК, денеска е последен ден до кога домашните и меѓународните набљудувачи […]

На гласање задолжително со маска и со двојна дезинфекција - МИА
Вести

На гласање задолжително со маска и со двојна дезинфекција

Скопје, 9 јули 2020 () – Гласањето на претстојните избори, и покрај актуелната пандемија на Ковид-19, ќе биде безбедно за граѓаните кои ќе решат да го остварат своето избирачко право, тврдат надлежните. Ќе се гласа […]

Уште четири дена до крајот на изборната кампања - МИА
Вести

Уште четири дена до крајот на изборната кампања

Скопје, 8 јули 2020 () – Изборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е при крај. Партиите пред граѓаните ветуваат правда која ќе функционира неселективно и транспарентно, подигната економија и развој за наредниот […]