Во Прилеп шест новозаразени лица


Во Прилеп шест новозаразени лица - МИА

Прилеп, 14 мај 2020 () – Шест нови случаи на заразени лица од Ковид, денеска се евидентирани во Прилеп, што значи со вчера регистрираните пет лица, само за два дена има 11 новозаразени. До овој момент нема информации за новоизлекувани од заразната болест, информираат локалните власти.



На инфективното одделение во прилепската болница се хоспитализирани 19 лица, од кои 13 се позитивни на коронавирус. Во делот за изолација се шест пациенти од кои тројца се негативни на коронавирусот, а на другите тројца земен им е брис и се чекаат резултати.

Во самоизолација се наоѓаат 168 лица.

Инаку, во изминатото деноноќие се забележани четири нарушувања на полицискиот час.