Во Прилеп има споено 12 гласачки места, а 13 се дислоцирани поради безбедност


Во Прилеп има споено 12 гласачки места, а 13 се дислоцирани поради безбедност - МИА

Прилеп, 9 јули 2020 ()  – Во Прилеп на предвремените парламентарни избори своето право на глас ќе може да го остварат 519 немоќни и хронично болни лица, како и 11 заразени од коронавирусот и седум граѓани во изолација. Ова се утврдените бројки на гласачи, кои се пријавиле во Комисијата за да го остварат своето право на глас на 13 и на 14 јули.

Од Општинската изборна комисија во Прилеп информираат дека од 142 избирачки места, на 15 јули ќе се гласа на 130 избирачки места. 12 избирачки места се спојуваат со другите зашто има помалку од 10 регистрирани гласачи.

Што се однесува до просторните услови за гласање со сите мерки и протоколи за безбедност при гласањето, 13 избирачки места се дислоцирани во близина каде просторот ги задоволува критериумите за безбедно гласање.

Во Прилеп до денеска има 58 активни случаи на коронавирусот, а 85 граѓани се во изолација.


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 166 случаи со Ковид-19, четворица починати, 185 оздравени пациенти

Скопје, 2 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-47, Куманово-17, Дебар-1, Штип-23, Тетово-12, Струга-7, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-9, Гостивар-15, Гевгелија-1, Струмица-1, […]

Вести

Ден на Републиката – чествувања со протоколи и без масовни собири

– Денот на Републиката 2 Август, на кој се празнуваат двата историски Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ,  поради епидемијата ќе се чествуваат без масовни собири и […]

Викендите предизвикуваат раст на бројот на новозаразени од Ковид-19 - МИА
Вести

Бројот на новозаболени под 10 отсто, се бара почитување на протоколите на плажите и на базените

Скопје, 2 август 2020 () – Бројот на новозаразени лица од Ковид -19 падна под 10 отсто. Според последниот здравствен билтен на Министерството за здравство, во последните 24  часа од направени 1621 тестови регистрирани се […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*