Во пелагонискиот регион почна постапката за поднесувања на барања за директни плаќања во земјоделството, а последниот рок за поднесување е 30 јуни.
Од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шуарство и водостопанство со седиште во Битола информираат дека барањата се поднесуваат за сточарско производство за обележани грла говеда, овци и кози, за маторици, презимени пчелни семејства како и за заклани говеда во кланица, потоа за органско земјоделско производство, како и за растително производство по обработлива земјоделска површина со поледелски и градинарски култури, за одржување на постоечки површини со овошни и лозови насади како и површина за производство на сертифициран семенски и саден материјал.
За полесно реализирање на оваа финансиска поддршка за пелагонските земјоделци и сточари, стручна помош обезбеди подрачната единица на МЗШВ во Битола.