Во М.Каменица јавен повик за финансиска поддршка на семејства од социјален ризик

socijalen-rizik
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Македонска Каменица распиша јавниот повик за доставување на барање за финансиска помош од општинскиот буџет за 2023 година до еднородителски семејства, деца без родители и семејства на самохрани родители.

Јавниот повик од страна на градоначалникот на општина Македонска Каменица Димчо Атанасовски е распишан врз основа на правилникот за остварување на еднократна парична помош на еднородителски семејства, деца без родители и семејства на самохрани родители.


-За остварување на финансиската помош од Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2023 година потребно е да се достави барање до Општина Македонска Каменица со соодветна лична документација, потврда од Министерство за труд и социјална политика за деца без родители и самохрани родители, потврда од АВРМ за невработени членови на семејството и доказ од Управа за јавни приходи, на пријавени или остварени приходи (лични и за членовите на потесното семејство) за претходната година, истакнаа од Општината.

Целосната документација потребна за аплицирање по јавниот повик е објавена на општинската веб-страница.

-Јавниот повик се однесува за лица жители на Општина Македонска Каменица и потребната документација може да се достави до Архива на Општина Македонска Каменица (соба бр.1) или на е-адресата на Општина М.Каменица [email protected], додадоа од Општината.

Пријавувањето по овој јавен повик е во рок од три месеци, заклучно со 18 август годинава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK