Во Куманово во вторник ќе се прска против комарци


Во Куманово во вторник ќе се прска против комарци - МИА

Куманово, 22 мај 2020 () – Во Куманово во вторник идната недела ќе се прска против комарци, информира денеска Општината.

Дезинскецијата ќе се спроведе во раните утрински часови, почнувајќи од полноќ до 04 часот, доколку временските услови дозволат, а ќе бидат опфатени 200 хектари површина на повеќе локации, по течението на реките Кумановка, Којнарка, површина под трска, село Речица, Серава, потесно градско подрачје, местото викано Бара.

-На 26.05.2020 Д.П.Т.У. ПЛАНТ МЕДИКА во соработка со Општина Куманово ќе ја реализира првата терестичка дезинсекција на подрачјето на град Куманово за уништување на возрасните форми комарци. Ако времето е врнежливо или е со силен ветер, дезинсекцијата ќе се одложи за утредента или евентуално за некој нареден ден со поволни временски услови, наведува Општина Куманово.

Дезинсекцијата ќе се спроведува по претходно подготвен план за динамиката на активностите, техничка спецификација.

-За дезинсекцијата ќе се употреби средството KULFAK 50 EC во концентрација пропишана од производителот по упатство за употреба, се наведува во соопштението.

Пчеларите треба да преземат соодветни мерки за заштита на пчелните семејства.


Набрзо нов пристап до инфективната клиника, ПЕТ центарот ставен во функција - МИА
Вести

Новите 24 случаи со Ковид-19 во Скопје се од општините Бутел, Сарај, Чаир, Аеродром, Студеничани, Гази Баба, Шуто Оризари, Кисела Вода и Карпош

Скопје, 28 мај 2020 () – Од вкупно дијагностицираните нови 38 случаи со Ковид-19, според денеска објавените податоци, 24 се од Скопје. Како што информираа за од Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за […]

Регистрирани девет нови случаи со коронавирус во Прилеп и први два случаи во Крушево - МИА
Вести

Нови 38 случаи на Ковид -19, тројца починати

Скопје, 28 мај 2020 () – Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 38 нови лица позитивни на коронавирусот и 16 оздравени пациенти. Во овој период починале два лица, а кај […]

Чулев: Да бидеме мудри, сочувствителни, кооперативни истрајувајќи и победувајќи го премрежието со кое што човештвото се соочува - МИА
Вести

Чулев: АНБ се уште е дел од системот за следење на комуникации

Скопје, 28 мај 2020 () – Начинот на кој е формирана Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и неотстранувањето на посредничката улога на АНБ при следењето на комуникациите, говори дека реформите на безбедносниот систем се само […]