Во Куманово продолжува дезинфекцијата, се дистрибуираат пакети за ранливи категории граѓани, исцртани линии пред банки и пошти


Во Куманово продолжува дезинфекцијата, се дистрибуираат пакети за ранливи категории граѓани, исцртани линии пред банки и пошти - МИА

Куманово, 8 април 2020 () – Тимовите на општинскиот кризен штаб, во кој се вклучени речиси сите јавни претпријатија од градот и противпожарната единица, продолжуваат со интензивна дезинфекција на јавно прометните површини во Куманово согласно распоредот, при што се опфатени урбаните заедници, руралните средини (села и приградски населби), објави денеска кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Воедно, екипи од повеќе тимови вклучени се во дезинфекција на зградите во градот.

Димитриевски информираше дека продолжува и дистрибуцијата на прехранбени и хигиенски пакети за ранливи категории граѓани. Екипите на Општинскиот кризен штаб, Црвениот Крст и Армијата доставуваат пакети за социјално најзагрозените семејства во Општина Куманово.

-Телефони за пријавување се 075-323-569, 075-207-126, 077-719-494. Во случај нашите служби да не одговараат поради презафатеност на дежурните телефонски броеви, ве молиме испратете смс порака со име и презиме, адреса и телефонски број за контакт, напиша Димитриевски на социјалните мрежи.

Тој информира дека вчера екипи организирани од кризниот штаб ги обележале местата за чекање пред банки, пошти, со минимум два метра дистанца.

–Ве молам почитувајте ги сугестиите и редот кој го бараат редарите на штабот и припадниците на МВР и АРМ од вас. Се работи за ваша и заедничка заштита, повика кумановскиот градоначалник.


Заев со поддршка за електронското гласање и овозможување 16 часа за гласање на иборниот ден - МИА
Вести

Партиите блиску до договор, да се искористи периодот на вонредна состојба за постигнување консензус

Скопје, 31 мај 2020 () – Претседателот Стево Пендаровски вчера, по седницата на Советот за безбедност, откри дека партиите биле блиску до договор за датум за избори, но последните два дена, поради ситуацијата со коронавирусот […]

Изјава на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски (во живо) - МИА
Вести

Почнува четвртата вонредна состојба во земјава

Скопје, 31 мај 2020 () – Зголемениот број заразени и починати лица од коронавирусот е главна причина за четвртата вонредна состојба во државава што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски. Оваа одлука, како што рече Пендаровски по […]