Во Крушево се одржува фестивалот „When in Krusevo – Winter is Here“ 



 Од денеска  до 16 февруари, Крушево е домаќин на второто издание на фестивалот „When in Krusevo – Winter is Here“ (Кога си во Крушево-зимата е тука“). Организаторите велат дека очекуваат голем број учесници кои ќе го следат фестивалот и ќе бидат дел од богата рекреативна програма, а сместувачките капацитети се исполнуваат со посетители од целата држава.

Второто издание на фестивалот носи по неколку илјади туристи во Крушево, најмногу поради фестивалските содржини кои вклучуваа: чист воздух, фото тура, рекреативна пешачка тура, зимски тандем-параглајдинг, зимско јавање на коњи, дегустација на вкусни крушевски специјалитети и луда забава, овој пат на прекрасните ски-терени на „Станич“ и ресторан „Алто“.

Според програмата, во текот на денешниот ден ќе пристигнат учесниците.Од собирното место утре околу 10 часот пред Спомен-куќата на Тоше Проески на Гумење ќе почне саботната рекреативна тура што опфаќа: рекреативна планинарска тура  од околу 5 км или, по избор, подолга тура до месноста „Слива“  што е 8 километри. Од 10 до15 часот е Зимски тандем-параглајдинг, а потоа е јавањето на коњи. Во текот на денот има забава на отворено за учесниците со „DJ Bapcu“ како и рок журка со „Backdoor Band“. Вечерна забава ќе обезбеди групата „The Hounds“, вечерната забава е со „DJ Taseski“ и со „DJ Pece“.

В недела преку денот има забава на ски-терените во месноста „Станич“, зимски тандем-параглајдинг како и нова авантура со јавање коњи.

Крушевскиот градоначалник Томе Христоски смета дека „When in Krusevo“ има голем потенцијал и сериозно ја збогатува туристичка понуда на градот.

– Досега имавме неколку изданија на летното и зимското „When in Krusevo“, настан кој Општината активно го поддржува зашто покажа голем потенцијал и сериозно ја збогати нашата понуда. И годинава очекуваме двете изданија на фестивалот да донесат над 6 000 туристи во нашиот град, вели Христоски.


Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.385.696 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.003.405 пациенти, а оздравеле 24.688.610 луѓе. – Во изминатите 24 часа во Косово се забележани три […]

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк” - МИА
Вести

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк”

Скопје, 28 септември 2020 () – Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, е упатена во КПУ – Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк”, потврдуват за од […]

Вести

Адвокатите бараат ослободителна пресуда за Јанакиески за „Насилство во Центар“

– Адвокатите на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска во завршни зборови за предметот „Насилство во Центар“ побараа тој да биде ослободен од обвинение. Адвокат Димитар Дангов побара Обвинителството да го повлече […]