Во Кочанско новозаболен од коронавирусот, се тестираат и други лица


Во Кочанско новозаболен од коронавирусот, се тестираат и други лица - МИА

Кочани, 29 мај 2020 () – По тринеделна стагнација на бројот на заболени од Ковид-19 на подрачјето што го покрива Центарот за јавно здравје од Кочани, денеска е регистиран нов позитивен случај на коронавирусот.

Се работи за жител на селото Жиганци, општина Чешиново-Облешево, вработен во конфекцијата во Штип во која во изминатите два дена беа регистрирани новозаболени лица.

-Во текот на денот се тестираат и други лица кои се вработени во штипската компанија, а за кои се очекуваат резултатите. Според досегашното искуство, можно е бројот на новозаболени да се покачи, информираа од кочанскиот Центар за јавно здравје.

Досега во кочанскиот регион беа евидентирани вкупно 31 заболен од Ковид-19, а пред две дена успешно заврши лекувањето на последниот пациент кој беше позитивен на вирусот. Во почетокот на април почина 40-годишен маж како последица на болеста.


Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти - МИА
Вести

Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти

Скопје, 2 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-75, Куманово-9, Дебар-6, Штип-8, Прилеп-6, Тетово-9, Струга-14, Велес-3, Охрид-10, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-2, […]

ИЗБОРИ 2020: МИА ќе ги претстави програмите на учесниците на Предвремените парламентарни избори - МИА
Вести

ДИК со измени на Упатството за набљудување на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) на денешното продолжение на вчера започната седница, донесе одлука за усвојување на изменето Упатство за набљудување на изборите, а беа избрани и неколку членови на Општински изборни комисии кои поради одредени […]

Умерен оптимизам кај научниците од Оксфорд за вакцината против Ковид-19 - МИА
Вести

Повеќе оздравени од дијагностицирани вчера, обновен сообраќајот на двата аеродрома

Скопје, 2 јули 2020 () – Нови 120 потврдени со КОВИД-19 од 954 тестирања, од кои над половината (64) се од Скопје, а 14 од Тетово. Останатите заразени со вирусот од вчерашниот билтен на Министерството […]