Во Кичево само едно основно училште со дозвола за настава со физичко присуство до деветто одделение


Во Кичево само едно основно училште со дозвола за настава со физичко присуство до деветто одделение - МИА

Кичево, 28 септември 2020 () – Секторот за образование на општина Кичево соопшти дека од страна на надлежната Комисија само едно општинско основно училиште има добиено дозвола да посетува настава од прво до деветто одделение со физичко присуство.

Основнoто училиште „Наим Фрашери“ во кое настава посетиваат децата од селата Јагол и Туин заедно со периферните училишта се стекнаа со право да изведуваат настава со физичко присуство од прво до деветто одделение, додека другите основни училишта ќе одржуваат настава со физичко присуство до петто одделение и од шесто до деветто одделение со учење на далечина.

Во двете средни училишта во Кичево, сите ученици од прва до четврта година ќе учат на далечина, сето тоа засновано на мислењето на релевантната комисија при Министерството за образование и наука.

– Сега е на нас што е можно побрзо да се прилагодиме на условите и можностите што ги имаме за развој на наставата според упатствата на комисијата, вели Емин Насуфи од секторот за образование на општина Кичево.

За какви било потешкотии што можат да се појават, ние како општина сме подготвени да им помогнеме на училиштата секогаш врз основа на нашите можности, објасни Насуфи. рз/оџ/


Вести

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари

Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари, што е за 61 милијарда долари повеќе отколку во 2019 година, се вели во статистичкиот извештај за воените трошоци на […]

Вести

Младите сакаат да се иселат, не се спроведува националната стратегија за спречување на одливот на мозоци 

– Не е само подобрата работа и парите причина за иселување на младите од државата. Трендовите за напуштање во последните години се и од неекономски причини – им пречи загадувањето, политиката, корупцијата, а во време […]

Усвоена одлуката за бројот на попретседатели на Собранието - МИА
Вести

Опозицијата бара надзорна расправа за „Еуростандард банка“ во Собранието

– Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието ќе достави барање за спроведување на надзорна расправа за утврдување на причините и извршувањето на законите во постапката за доведување до стечај на „Еуростандард банка“. Иницијативата е […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*