Во Кичево продолжува интензивното дезинфицирање на улиците


Во Кичево продолжува интензивното дезинфицирање на улиците - МИА

Кичево, 9 април 2020 () – Комуналното претпријатие од Кичево во соработка со Општината, продолжува со сеопфатна акција за темелно дезинфицирање на улиците, два пати во текот на денот, наутро и навачер, со цел превенција од ширење на коронавирусот.

-Двапати дневно спроведуваме акција, наутро и навечер, да ги дезинфицираме улиците во сите делови од градот. Дезинфекцијата со вода и препарати секако ќе помогне во борба против коронавирусот и неговото ширење. Акцијата ќе се одвива се додека состојбите не се стабилизираат, а коронавирусот и неговата експанзија не бидат намалени, вели директорот на ЈКП „Комуналец” од Кичево, Зенел Јонузи. рз/

 


Вести

ОМД ја поздравува одлуката против Бугарија во спорот со македонското малцинство во ЕСЧП

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ги поздравува позитивните решенија на Европскиот Суд на Човекови права во Стразбур, поднесени против Бугарија поради кршењето на Член 11 (слобода на собирање и организирање) од Конвенцијата за заштита на човекови […]

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба - МИА
Вести

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба

Скопје, 29 мај 2020 () – Советот за безбедност утре на пладне ќе одржи седница во Кабинетот на претседателот „Вила Водно“, на која ќе се одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. На седницата, покрај […]

Од 29 заболени со коронавирус во тетовскиот регион, 16 се од Тетово   - МИА
Вести

Нови 52 случаи на КОВИД -19, четворица починати и 30 оздравени

Скопје, 29 мај 2020 () – Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 52 нови лица позитивни на коронавирусот и 30 оздравени пациенти. Во овој период починале четири лица, две на […]