Во кавадаречко се поставува заштитна ограда покрај патиштата за безбедност во сообраќајот

ograda
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во кавадаречко се поставуваат метални столбови за монтирање заштитна еластична ограда за безбедност во сообраќајот, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

– Продолжува поставувањето на метални столбови за монтирање на заштитна еластична ограда, денес на патот од село Ресава кон Кавадарци, се со цел зголемена безбедност во сообраќајот.


Овој проект е во соработка со ЈПДП, односно оградата која е со вкупна должина од 6.000 метри е обезбедена како донација од нив, а Општина Кавадарци има обврска истата да ја монтира, соопштија од кабинетот на градоначалникот.

Оттаму додадоа дека изведувач на работите е фирмата „Кединг“ од Скопје, а ЈП „Комуналец“ Кавадарци е задолжено во делот на кастрење и косење.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK