Во Кавадарци промовирани две нови машини за чистење на јавни површини

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Кавадарци денеска беа промовирани две нови машини за чистење на јавни површини. Инвестицијата на јавното претпријатие ,,Комуналец” е три милиони денари плус ддв.

Градоначалникот Митко Јанчев, рече дека со ова, хигиената во градот и општината ќе биде на уште поголемо ниво.


– Станува збор за електрични машини, еколошки, македонско производство. Ние сме град со најдобра хигиена, но степенот на хигиена ќе се подигне уште повеќе. Тоа е во интерес на сите, се стремиме кон европски стандарди, нагласи Јанчев.

Градоначалникот се осврна и на инвестициите во изминатиот период за почисто Кавадарци, како и на моменталната состојба со бројноста на опремата за чистење.

Доктор Стојанче Рамов, претседател на Совет на Општина Кавадарци, рече дека сите инвестиции во општината се за подобрување на животот во сите области. Тој нагласи дека ова значи почиста и поздрава животна средина.

Орданчо Клинчаров, директор на ,,Комуналец”, се осврна на техничките карактеристики на машините и рече дека со нив чистењето ќе биде побрзо и ќе нема загадување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK