Во Гостивар угостителите од идната недела ќе работат со продолжено работно време

Gostivar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Локалната самоуправа им излезе во пресрет на угостителите на нивното барање за продолжено работно време. Советот на општина Гостивар донесе одлука со која рестораните, пицерии, фуд барови и кафулињата ќе работат два часа повеќе во летниот период.

Предлогот на денешната седница го изнесе претседателот на Советот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани, кој во образложението напомена дека станува збор за барање на угостителите, на кои, како што рече, им се излегува во пресрет, во период кога има зголемен број на печалбари и обем на работа.


Одлуката за продолжено работно време се однесува на период од 10 јули до 25 август.

Со одлуката е утврдено дека во деновите 13, 17, 23 и 28 јули и 4, 8, 11, 16 и 21 август, локалите ќе работат според досегашното работно време. Продолжување на работното време, Општината дозволува и околу новогодишните празници.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK