Во Гостивар симболично одбележан Денот на Ромите


Во Гостивар симболично одбележан Денот на Ромите - МИА

Гостивар, 8 април 2020 () – Со истакнување на знамето на ромската заедница, на еден од јарболите пред седиштето на општина Гостивар, започна одбележувањето на 8 Април меѓународниот ден на Ромите.

Манифестациите и прославата на празникот, оваа година заради вонредната состојба ќе бидат изоставени, а средствата ќе бидат пренасочени кон обезбедување на помош за социјално загрозените семејства.

– Дел од средствата кои беа предвидени за прослава на Денот на Ромите, во соработка со Црвен крст се пренаменуваат за помош на социјални семејства од ромската заедница. Дел од нив тешко се снаоѓаат со обезбедување на основни живтни продукти. Во оваа прилика сакам да им порачам на сите Роми, да останат присебни и да ти почитуваат мерките кои ги пропиша државата, Кашмир Салиу, членот на општинскиот совет од Демократскиот сојуз на ромите.

Честитка по повод празникот упати градоначалникот на општината Арбен Тараври кој напомена дека Гостивар е мултиетнички град и дека во него сите заедници поеднаково се почитуваат, а оваа година празнувањето ќе поминие во поинакви околности.

Знамето на ромската заедница деновиве ќе стои и во во салата на советот на општината.


Вести

ОМД ја поздравува одлуката против Бугарија во спорот со македонското малцинство во ЕСЧП

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ги поздравува позитивните решенија на Европскиот Суд на Човекови права во Стразбур, поднесени против Бугарија поради кршењето на Член 11 (слобода на собирање и организирање) од Конвенцијата за заштита на човекови […]

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба - МИА
Вести

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба

Скопје, 29 мај 2020 () – Советот за безбедност утре на пладне ќе одржи седница во Кабинетот на претседателот „Вила Водно“, на која ќе се одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. На седницата, покрај […]

Од 29 заболени со коронавирус во тетовскиот регион, 16 се од Тетово   - МИА
Вести

Нови 52 случаи на КОВИД -19, четворица починати и 30 оздравени

Скопје, 29 мај 2020 () – Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 52 нови лица позитивни на коронавирусот и 30 оздравени пациенти. Во овој период починале четири лица, две на […]