Во Гостивар се гради нов спортско-рекреативен центар



Во Гостивар се гради нов спортско-рекреативен центар - МИА

Гостивар, 12 август 2020 () – Половина километар од левиот брег на Врадар ова лето ќе биде претворен во модерен спортско-рекреативен центар. Вредноста на инвестицијата е 250 илјади евра и ќе биде една покрупните на општината за оваа година.

Реализацијата на идејата која произлезе од проектот „Јакнење на општинските совети“, која УНДП ја спроведува со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка, е во напредна фаза. На делот од малиот мост до училиштето „Мустафа Кемал Ататурк“ оваа недела се работи на уредување на подлогата и околината.

Од општината велат дека по изградбата, Гостивар ќе добие еден од најмодерните спортско-рекреативен центри во Северна Македонија.

– Реализацијата на овој проект чини 250 илјади евра. Од нив, 50 илјади ги обезбеди Швајцарската агенција за развој (SDC), а 200 илјади евра се од буџетот на Општина Гостивар. Му се заблагодаруваме на швајцарскиот народ за поддршката и нека им е честито на гостиварци, велат од локалната самоуправа.

До овој проект се дојде преку форумски сесии со граѓаните кои во декември минатата година и ги соединија предлозите.

Изградбата на центарот доцни, а тоа најмногу е поради изборите и пандемијата. Според најавите тој треба да биде комплетиран пред почетокот на октомври.

Со проектот, новиот спортско-рекреативен центар покрај Вардар е предвидено да биде опремен и уреден според последните трендови. Подлогата по целата површина е од посебен вид на гума, а предвидени се патеки за движење на лица со посебни потреби и повозрасни. За рекреација ќе има вештачки карпи за качување и справи за вежбање. За да биде престојот попријатен, ценатрот ќе добие урбана опрема: канделабри, клупи, корпи за отпад.


Вести

Протест за декриминализација на марихуаната пред Основниот кривичен суд во Скопје

Протест за декриминализација на марихуаната и поддршка на активистот Филип Достовски се одржа денеска пред зградата на Основниот кривичен суд во Скопје. Претседателот на здружението Зелена национална агенда за Македонија – ЗНАМ Огнен Узуновски, рече […]

Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Нови 152 случаи на Ковид 19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на Ковид-19, починале две лица, додека оздравени се 126 пацинети, соопшти денеска Министерството за здравство. Од новите случаи најмногу има во: […]

Вести

МОН со последни подготовки пред стартот на учебната година, за СОНК има недостиг на технички средства

– Анализите направени од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) покажуваат дека голем дел од училиштата немаат обезбедено технички средства за следење на онлајн настава, но од Министерството за образование и наука уверуваат дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*