Во Гевгелија украден канистер од дезинфекциска бариера


Во Гевгелија украден канистер од дезинфекциска бариера - МИА

Гевгелија,22 јули 2020 () – Службата за односи со јавноста на општина Гевгелија денеска потврди дека на 18 месецов, во периодот од 20 часот и 40 минути до 20 часот и 50 минути, бил украден канистерот од дезинфекциската бариера за возила кој беше поставен на влезот во градот од кај Негорци.



– Снимките од извршената кражба се евидентирани од безбедносните камери на околните објекти и од нив јасно се гледа како непознат сторител со возило и помош на приколка го носи канистерот во непознат правец. Кражбата е пријавена во ОВР Гевгелија која работи на истражување на случајот, пронаоѓање на сторителот на кривичното дело и негово соодветно санкционирање, велат од општината.

На почетокот на април, откако беше регистриран првиот заболен пациент од Ковид-19 во Гевгелија, веднаш беа поставени дезинфекциски бариери за возила на двата влеза во градот од кои едната пред надвозникот, а другата на влезот во Гевгелија од правец на Негорци, која беше предмет на извршената кражба. им/