Во Гевгелија денеска почнува „Саем на книгата 2023“

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Библиотеката „Гоце Делчев“ од Гевгелија од денеска организира „Саем на книгата 2023“ на кој своите изданија ќе ги претстават македонски издавачки куќи, информираа од гевгелиската библиотека.

Саемот ќе биде поставен на платото пред Народниот театар во Гевгелија и ќе биде отворен од денеска до 23-ти мај (вторник) секој работен ден од 10:00 до 20:00 часот.


На Саемот ќе бидат понудени изданија на издавачите „Три“, „Антолог“, „Матица“, „Култура“, „Феникс“, „Паблишер“ и „Божилак“.

Книгите ќе бидат достапни по специјални саемски цени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK