Во Делчевско успешно заврши аплицирањето за субвенции во земјоделството



Во Делчевско успешно заврши аплицирањето за субвенции во земјоделството - МИА

Делчево, 6 август 2020 () – Во делчевскиот регион успешно заврши аплицирањето за субвенции во земјоделството. Илија Каранфиловски, раководител на подрачната единица на МЗШВ Делчево информираше дека за 4 до 5 проценти се зголеми бројот на поднесени барања во однос на претходното аплицирање.

-Поднесувањето на барањата се одвиваше во најдобар ред. Вкупниот процент на пријавени изнесува 105 проценти што е зголемување за 5 проценти во однос на претходно. На оние земјоделци кои не можеа сами електронски да аплицираат им беше помогнато од вработените во Подрачната единица. Тоа значи дека сите кои ги исполнуваа условите согласно Програмата за земјоделство поднесоа барања за користење на финаниска поддршка во земјодделството, рече Каранфиловски.

Раководителот на делчевската подрачна единица додаде дека паралелно во Делчевско привршува годинашната жетва.

-Досега жетвените активности се одвиваат без проблеми, освен во текот на вчерашниот ден кога имавме невреме на територијата на Пијанечкиот регион. Досега според информациите од терен, жетвата е околу 75 проценти завршена, додаде Каранфиловски.

Од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
апелираа до сите земјоделци кои ги имаат загубено пиновите од своите картички за зелена нафта, да ги подигнат од нивната канцеларија во Делчево.


Во Прилеп ситуацијата со КОВИД-19 сериозна, неопходна е монтажната болница - МИА
Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 32.209.019 лицe. Од нив починале 983.767 пациенти, а оздравеле 23.752.955 луѓе. – Во Грција денеска се регистрирани 342 нови случаи на Ковид-19, а […]

Вести

Протест за декриминализација на марихуаната пред Основниот кривичен суд во Скопје

Протест за декриминализација на марихуаната и поддршка на активистот Филип Достовски се одржа денеска пред зградата на Основниот кривичен суд во Скопје. Претседателот на здружението Зелена национална агенда за Македонија – ЗНАМ Огнен Узуновски, рече […]

Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Нови 152 случаи на Ковид 19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на Ковид-19, починале две лица, додека оздравени се 126 пацинети, соопшти денеска Министерството за здравство. Од новите случаи најмногу има во: […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*