Во Делчево започна реализацијата на проектот „Инклузивен мост 18“


Во Делчево започна реализацијата на проектот „Инклузивен мост 18“ - МИА

Делчево, 11 август 2020 () – Во Делчево започна реализацијата на проектот „Инклузивен мост 18“. Носител на проектот е делчевската невладина организација „Бравура Кооператива“, чиј претставник Александар Николов истакна главна цел на проектот е создавање одржлива програма за инклузивен економски развој на децата без родители и родителска грижа.



-Проектот „Инклузивен мост 18“ претставува една програма за правилен инклузивен економски развој или економско менаџирање на сопствени средства, на деца без родители и родители без родителска грижа. Проектот го реализира Civica Mobilitas која програма ги препозна нашите намери во однос на актуелните проблеми кои се јавуваат кај оваа популација, со реализацијата на проектот е опфатен проблем кој се јавува кај децата без родители и родителска грижа кои по наполнувањето на 18 години добиваат материјални средства од Министерството за труд и социјална политика во висина од 180 илјади денари и потоа ги трошат ненаменски, истакна Николов.

Истражувањата направени од Заводот за социјални дејности како што додава, покажале дека децата без родители и родителска грижа во првите 3 месеци добиените средства ги трошат ненаменски најмногу за лични потреби, за лаптопи и скапи компјутери и ги враќаат во ситуација на повторен социјален ризик.

-Нашата цел во однос на оваа проблематика не е во тоа да ја смениме детската психологија на трошењето на пари туку да придонесеме во процесот до којшто тие во целиот живот на престој во институционални форми во случајот на мал групен дом се исклучени од можноста за менаџирање со сопствени средства. Бидејќи не постојат програмски моменти кои ги насочуваат децата за нивно менаџирање на средствата на пари, на работилниците како дел од овој проект ќе бараме начин на кој да интервенираме на јакнење на капацитетите на самите деца на институцијата, се со цел да излегуваат млади здрави и пред сè позитивно развиени лица коишто се без родители и кои ќе можат да најдат соодветен економски интегритет во заедницата, додава Николов.

Катерина Трајановска која повеќе од 12 години работи во Мал групен дом во Берово, потврди дека проблемот со менаџирање средства се јавува по излегувањето на лицата од групните домови.

-Со 12 годишно работно искуство во мал групен дом имам 15 деца поминато од кои 7 деца веќе излезено, проблемот е тој едниот децата не знаат да менаџираат со пари. Немаат способност да се вклучат во пазар на труд или ако ја имаат таа способност краткотрајно се истрајни и нивните очекувања се дека се треба од државата да им се дава. Целта ни е тие деца да не ги враќаме повторно во социјален ризик, туку да се вклучат и самостојно да соработуваат, рече Трајановска.

Проектот „Инклузивен мост 18“ е во времетраење од 24 месеци. Во истиот се вклучени лица од Заводот за социјални дејности – Скопје, Министерството за труд и социјална политика и Економскиот факултет во Штип кој ќе работи на менаџирање и развој на бизнис планови и програми со нивно студенти. ир


Бизнис и економија

Задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, останува можноста жените да се пензионираат со навршени 62 години

– Измените на Законот за работни односи со кои се предвидува задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, поднесени од група пратеници, влегоа во собраниска процедура и го поминаа првото читање. Исклучоци во јавниот сектор ќе има […]

Вести

Продолжуваат разговорите со Бугарија, македонскиот јазик и идентитет се црвените линии

– Разговорите за надминување на несогласувањата со Бугарија продолжуваат деновиве на ниво на работни групи, предводени од министрите за надворешни работи на двете земји, а македонскиот јазик и македонскиот идентитет се црвените линии во преговорите […]

Вести

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-463, Куманово-30, Дебар-6, Штип-28, Прилеп-68, Тетово-29, Струга-21, Велес-47, Битола-48, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-66, Гевгелија-4, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*