Во Делчево за помалку од три години поддржани правни субјекти и невработени лица со финансиски средства од над 100 милиони денари


Во Делчево за помалку од три години поддржани правни субјекти и невработени лица со финансиски средства од над 100 милиони денари - МИА

Делчево, 9 јули 2020 () – Над 600 невработени лица од кои најголем дел млади до 29 години од Делчево активно ги користеа мерктие на Владата за зголемување на вработеноста, истакна директорката на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Билјана Јовановска денеска и додаде дека во изминатите две и пол години е регистриран голем интерес за мерките  од невработените лица и правните субјекти.



-Со активните мерки и политики беа опфатени над 600 невработени лица од кои 50 проценти се млади лица до 29 години и околу 250 правни лица, кои финансиски ги поддржавме со над 100 милиони денари. Се разбира тоа е во интерес на отворање нови работни места, вработување и зголемување на вработливоста на невработените лица, со цел тие во најбрзо време да бидат конкурентни на пазарот на трудот. Во исто време компаниите ги поддржавме со набавка на опрема и репроматеријали, кои што се неопходни за вршење на нивната дејност и се наменети за работа од страна на лицата кои ги вработуваат, рече Јовановска

Таа денеска во Делчево имаше можност да посети дел од компаниите во делчевскиот регион, а посети и неколку компании за кои искажа задоволство од соработката со Центарот за вработување Делчево.

-Задоволството се темели на финансиската поддршка која им помага во делот на вработување на нови лица и набавка на опрема и репроматеријали. Јас сум среќна и задоволна што работодавачите од овој крај во ниту еден момент, не почувствувале тежина при работењето во изминатиот период, што своето прозиводство го реорганизирале и насочиле онаму каде сметаат дека можат да имаат пласман, Во исто време вработените се на работните места и истите чувствуваат слобода во делот на соработка со Центарот за вработување, каде што нема никаков притисок, туку има голема поддршка од страна на колегите од Центарот за вработување, истакна Јовановска.

Активните мерки на АВРСМ, како што додаде се уште се во тек и во период на коронакризата, со тоа што и компаниите и невработените лица активно земаат учество во нив.


Бизнис и економија

КСС: Недела неработен ден без правење хаос во Законот за работни односи

– Конфедерацијата на слободни синдикати предупредува дека со Предлог-измените во Законот за работни односи со кои недела треба да се прогласи за неработен ден ќе се направи хаос бидејќи со подзаконски акти ќе се утврдува […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис и економија

ССМ: Измените во ЗРО не одат во прилог недела да биде неработен ден

– Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека предложените измени во Законот за работни односи од страна на Министерството за труд и социјална политика не одат во прилог на тоа недела да биде прогласена […]

Вархеји сака гаранции дека изборите ќе бидат фер - МИА
Вести

„Политико“: Вархеји и ЕПП се премногу меки кон Софија за блокадата на Скопје

– Еврокомесарот за добрососдество и проширување Оливер Вархеји е премногу мек кон Софија во однос на блокадата на Северна Македонија, пишува „Политико“ во својата анализа за работата на комесарите во изминатава година. Како најлош момент […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*