Во Дебар новозаразени денеска нема, во самоизолација 33 лица


Во Дебар новозаразени денеска нема, во самоизолација 33 лица - МИА

Дебар, 6 јуни 2020 () – По вчера потврдениот случај на заразена жена од селото Долно Косоврасти, што беше прв случај по педесет дена, денеска официјалните податоци потврдуваат дека во Дебар нема новозаразени. Заразената жена е хоспитализирана во Инфективната клиника во Скопје.

Според податоците на Секторот за внатрешни работи од Охрид, во Дебар нема лица во изолација, додека во самоизолација се 33 лица.

Најмалку 17 од нив се лица кои биле во контакт со заразената жена од Долно Косоврасти и тоа двајца лекари, четири медицински сетри и двајца возачи од Општата болница во Дебар, додека останатите се од семејството на жената.

Инаку, полициската статистика потврдува дека во изминатото деноноќие, на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, кои со својата активност ги покрива Одеделението за внатрешни работи, констатирани се 16 прекршоци за неносење заштитна маска на лицето.

Согласно владината уредба за спречување на ширењето на коронавирусот, досега на ова подрачје прекршочни налози за сторен прекршок спротивен на уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето издадени се на повеќе од 200 физички лица.

Во исто време, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 10 конторли.

Непочитување на полицискиот час нема.

Поради воведениот полициски час, на лицата кои имаат потреба од набавка на храна или лекови повторно услуга им вршат волонтерите на Црвен крст.


Здравствените власти апелираат пациентите да кажуваат точни податоци и да се почитуваат препораките - МИА
Вести

Од новите 165 случаи на КОВИД-19, 71 заразен во Скопје

Скопје, 3 јули 2020 () – Од регистрираните нови 165 случаи на КОВИД-19 во државата, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, најголемиот број, 71, се од Скопје. Според статистиката на Министерството за здравство, […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Нови 165 случаи на Ковид – 19, седум починати, 128 оздравени

Скопје, 3 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, […]

Излез од државата само со потпишана изјава, за влез неопходен корона тест - МИА
Вести

Границите со Србија и Косово засега остануваат отворени

Скопје, 3 јули 2020 () – Владата нема добиено препорака од Комисијата за заразни болести, ниту има донесено одлука за затворање на границите со Србија и Косово, потврди денеска премиерот Оливер Спасовски. Во моментов останува […]