Во Дебар двајца оздравени, новозаразени нема


Во Дебар двајца оздравени, новозаразени нема - МИА

Дебар, 17 септември 2020() – Во изминатите 24 часа во Дебар, вклучително и општина Центар Жупа, нема новозаразени со Ковид-19, додека две лица ја добиле битката со опасниот вирус.


 

Вкупната бројка на заразени во двете општини,кои со својата активност ги покрива дебарската работна единица на Центарот за јавно здравје изнесува 272, од нив во списокот на оздравени се внесени 221 додека починати се 14 лица.

– Моментно активни на болеста се 37 лица. Повеќето од нив се со лесна форма на болеста и се лекуваат во домашни услови или амбулантски во Општата болница во Дебар. Во здравствени установи во Скопје, за среќа бројот на хоспитализирани е мал, велат од Работната единица.

Додаваат дека и понатаму не е мал бројот на оние кои со симптоми на овој вирус се јавуваат во Општата болница, поради што се очекува да има новозаразени.

Тука секако и масовното непочитување на мерките за заштита, како од страна на граѓаните, така и од деловните субјекти.

– Според статистичките податоци на Одделението за внатрешни работи во Дебар, кое ја покрива и општина Центар Жупа, во изминатото деноноќие, полициските службеници констатирале четири прекршоци за неносење лична заштита на лицето Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.ир