Во Богданци започна реконструкцијата на четири улици


Во Богданци започна реконструкцијата на четири улици - МИА

Гевгелија, 12 мај 2020 () – Согласно годишната програма за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта, во Богданци почнаа градежните активности за реконструкција на улиците „Луда Мара“, „Осоговски“, „Братство Единство“ и „Васил Главинов“.


 

-За уредување на споменативе улици општината од сопствениот буџет ќе оддели 7,1 милиони денари, а согласно условите предвидени во договорот со изведувачот на работите, градежната компанија „Алфа Проект“ од Гевгелија, активностите се очекува да завршат за два месеци, информираа од надлежната општинска служба.

Покрај ова, беше посочено дека ќе се изврши и реконструкција на тротоар на една улица во селото Стојаково и дека согласно своите можности, Општина Богданци и понатаму ќе продолжи да работи на подобрувањето на патната инфраструктура во Богданци и сите населени места во општината. им/