Во Битола со општински пари се реконструира СОТУ „Ѓорги Наумов“


Во Битола со општински пари се реконструира СОТУ „Ѓорги Наумов“ - МИА

Битола, 21 мај 2020 () – Со финансиска поддршка на Општина Битола, односно со буџетски средства во висина од 560.000 денари, се реконструира дел од средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ во овој град.

За време на денешниот увид на реконструктивните зафати, градоначалничката Наташа Петровска беше информирана дека санацијата на санитарните јазили во училиштето се врши по застој од три децении.

Со вложените средства ќе се изврши обновува на санитарните јазли, се поставуваат нови тоалети и се санира целосниот ентериер со нови плочки и дополнителна опрема.

Во средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ наскоро ќе се изврши и реконструкција на покривот на училиштето и замена на дограмата за што средства се обезбедени преку донација на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, а проектот ќе го кофинансира Општина Битола за што договор постигнале градоначалничката Петровска и бугарскиот конзул Димитар Иванов. нд/


Здравствените власти апелираат пациентите да кажуваат точни податоци и да се почитуваат препораките - МИА
Вести

Од новите 165 случаи на КОВИД-19, 71 заразен во Скопје

Скопје, 3 јули 2020 () – Од регистрираните нови 165 случаи на КОВИД-19 во државата, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, најголемиот број, 71, се од Скопје. Според статистиката на Министерството за здравство, […]

Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година - МИА
Вести

Нови 165 случаи на Ковид – 19, седум починати, 128 оздравени

Скопје, 3 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, […]

Излез од државата само со потпишана изјава, за влез неопходен корона тест - МИА
Вести

Границите со Србија и Косово засега остануваат отворени

Скопје, 3 јули 2020 () – Владата нема добиено препорака од Комисијата за заразни болести, ниту има донесено одлука за затворање на границите со Србија и Косово, потврди денеска премиерот Оливер Спасовски. Во моментов останува […]