Во Битола отворена изложба Корча – „Во наследство“ од уметникот Спартак Касули

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Аманда Чичи, директорка на Директоратот за културно наследство-Корча, во битолскиот културен центар „Магаза“ промовира ликовна изложба насловена Корча – „Во наследство“, чиј автор е уметникот Спартак Касули.

Станува збор за ликовни цртежи од различни сегменти од недвижното културно наследство во Корча и околината на тој албански град, Москополе и други места од пограничниот регион.


изложба Корча – „Во наследство“

-На изложбата доминираат ликовни цртежи, графики кои сведочат за културата, традицијата и заедништвото меѓу двете држави. Авторот Касули за публиката нуди различни, куќи, цркви, мостови кои како некогаш, така и денес постојат во овој регион, рече меѓудругото гостинката од Албанија, Аманда Чичи.

Изложбата Корча – „Во наследство“ од уметникот Спартак Касули претходно беше изложена во косовскиот град Призрен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK