Во Берово зголемено учеството на граѓаните во донесувањето одлуки на локално ниво



Во Берово зголемено учеството на граѓаните во донесувањето одлуки на локално ниво - МИА

Берово, 4 август 2020 () – Во Берово зголемено учеството на граѓаните во донесувањето одлуки на локално ниво. Проектниот форум кој за таа цел, започна да се имплементира, според надлежните е одличен пример за поддршка на учеството на граѓаните во развојот на заедницата.

-Проектниот форум се реализира во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој е финансиран од Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC), а спроведуван од УНДП и Општина Берово. Како дел од своето активно учество граѓаните со своите идеи веќе активно учествуваат во процесите на одлучување, при што најчесто нивниот глас е тој што ги одбира прироритетите во заедницата, истакнаа од Општината.

Како дел од реализацијата на проектниот форум, како што додадоа организаторите, по оваа среда веќе е закажана и втората форумска сесија.

-Втората форумска сесија ќе се одржи утре, 5 август 2020 година, со почеток во 11:30 часот во просториите на „Бизнис инкубатор“, во Берово. На втората форумска сесија учесниците ќе имаат можност да се запознаат со концептите за предлог проекти, кои произлегоа од проектните идеи во рамки на форумската тема од првата форумска сесија, додадоа организаторите.

Во текот на следните сесии, според предвиденото учесниците ќе ги изберат најприоритетните решенија кои ќе се аплицираат за реализација во рамки на проектниот фонд од 50 илјади швајцарски франци, обезбедени од страна на Швајцарската амбасада.


Вести

Протест за декриминализација на марихуаната пред Основниот кривичен суд во Скопје

Протест за декриминализација на марихуаната и поддршка на активистот Филип Достовски се одржа денеска пред зградата на Основниот кривичен суд во Скопје. Претседателот на здружението Зелена национална агенда за Македонија – ЗНАМ Огнен Узуновски, рече […]

Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Нови 152 случаи на Ковид 19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на Ковид-19, починале две лица, додека оздравени се 126 пацинети, соопшти денеска Министерството за здравство. Од новите случаи најмногу има во: […]

Вести

МОН со последни подготовки пред стартот на учебната година, за СОНК има недостиг на технички средства

– Анализите направени од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) покажуваат дека голем дел од училиштата немаат обезбедено технички средства за следење на онлајн настава, но од Министерството за образование и наука уверуваат дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*