Во Берово исчистен од вегетација локалниот пат Студенец – село Двориште



Берово, 11 септември 2020 () – Во Берово е спроведена акција за чистење од вегетацијата на двете страни од локалниот пат Студенец – село Двориште.


 

Акцијата, како што информираа надлежните, има за цел подобрување на безбедноста на граѓаните и подобра прегледност на корисниците на патниот правец.

-Во рамки на активноста исчистена е вегетацијата која создаваше проблем на минувачите, искастрени се дрвјата на локалниот пат во должина од четири километри, со што ќе се зголеми безбедноста и сигурноста во сообраќајот, на оваа делница, истакнаа надлежните.

Активностите за реализирање на слични акции за непречено одвивање на сообраќајот како во градот, така и во населените места како што додадоа од општината ќе продолжи и во наредниот период.

-Претходно во соработка со комуналното претпријатие беше спроведена и акција чистење на дивата депонија во туристичка населба Суви Лаки при што со истата беше опфатен просторот околу регионалниот пат БеровоСтрумица, додадоа надлежните.

Во делот на подобрување на комуналната хигиена од општината информираа дека пред неколку дена беше набавено ново приклучно возило за чистење на канализациската мрежа.