Во Берово финишираше проектот „Зборувај гласно делувај јасно“


Во Берово финишираше проектот „Зборувај гласно делувај јасно“ - МИА

Берово, 27 октомври 2020 () – Во Берово се оддржа завршна работилница за презентирање на резултатите од проектот „Зборувај гласно делувај јасно“. На завршниот настан, како што информираше Војо Соколовски од Националното здружение на стопанственици на приватни шуми се потенцираа целите за подигнување на капацитетите на здружението, преку подобрување на отчетноста и одржливоста и воспоставување на партнерство за климатски промени со локални институции и организации.



-Целта е да го подобриме јавното мислење на оваа тема, особено за учество во развојот на политките на локално ниво, во областа на заштита и управување со шумите во регионот. Преку проектот се реализираа неколку работилници и панел дискусија со околу 80 учесници на повеќе теми меѓу кои „Влијание на шумите врз климатските промени и заштита од пожари“ во чии рамки е формирана неформална локална група составена од локални институции и изготвен е информативен документ до Советите. Исто така, имавме и работилница на тема „Заштита од пожари и енергетска ефикасност преку употреба на шумски отпад со користење на енергетски ефикасни ситеми“, истакна Соколовски.

Во рамки на завршниот настан како што додаде, ученици од основните и средното училиште во Берово и Пехчево кои учествуваа на наградниот конкурс по тој повод, добија батерија на сончева енергија за паметни уреди.

-Учениците на повој проект учестуваа со ликовни и литературни творби преку кои ги изразија нивните уметнички чувства за темата климатски промени и шумите. Ја користам приликата да изразам благодарност до сите партнери на локално ниво кои придонесоа сите активности успешно да бидат реализирани. Како краен резултат од овој проект очекуваме истиот да има директно финансиско влијание и врз локалната економија, додаде Соколовски.

Завршниот настан во рамки на проектот „Зборувај гласно делувај јасно“ се реализираше во соработка со Центарот за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, ЈП „Национални шуми“ со подружниците Малешево и „Равна Река“ во Берово и Пехчево како и Територијалната против пожарна единица во Берово.

Проектот е финансиран од ИПА програма за граѓанско општество и медиуми 2016-2017 во рамки на проектот „Да зборуваме за климатските промени“ кој го реализираат Еко-свест, ЦНВП Македонија и ДЕМ во висина од 737 илјади денари.