ВМРО – ДПМНЕ: Погледнете ја завршната сметка на општина Битола и ќе ви стане јасно кој лаже


Лагата на Градоначалничката Петровска која тежи ни помалку ни повеќе туку 10 милиони евра сеуште без образложение.


 

Помина веќе недела дена од донесувањето на завршната сметка во Советот на Општина Битола, а градоначалничката сеуште не собра храброст да се соочи со граѓаните и да им признае дека ги лажеше.

Истата таа која само неколку месеци претходно ги искористи сите можни средства, медиумите, седниците на Советот, нејзините јавни настапи и за ситни политички поени ја изманипулира јавноста прикажувајќи долг на Општина Битола од 13,5 милиони евра, на седницата минатата недела до Советот достави завршна сметка потпишана токму од неа во која долгот на општина Битола изнесува 3.5 милиони евра, но и според која Општина Битола има побарувања во висина од 5.5 милиони евра.

Не само што магично исчезнаа 10 милиони евра туку исчезна и самодовербата и храброста на Петровска па одби да се соочи и со медиумите и со советниците и не се појави на седницата, а еве веќе недела дена нема ни официјален став, оправдување или образложение за  оваа весела математика.

Сомнежот кај граѓаните во однос на способноста на СДСМ и Наташа Петровска да ја водат општината е оправдан, затоа што прво се соочија со блокирани постапки и неиздавање решенија за легализација на дивоградби, а сега гледаат дека првиот „математичар“ во општината не знае математика и не знае да работи со нивните пари.