Утврдени побарувањата на доверителите на штипски Бетон


Утврдени побарувањата на доверителите на градежната компанија Бетон Штип. Стечајниот управник за овој поранешен градежен гигант прифатил побарувања од доверители во висина од 936 милиони денари или околу 15.344.000 евра. Оспорени побарување се вкупно 545 милиони денари.

На денешното испитно рочиште во Основен суд-Штип се јавиле околу стотина доверители на кои им се оспорени побарувањата.

-На денешното испитно рочиште, стечајниот управник се произнесуваше по приговорите поднесени против табелата на утврдени и оспорени побараувања поднесени од доверители на кои им е оспорено побарувањето, информираат од Основен суд-Штип.

На оние доверители на коишто не им се прифатени побарувањата можат да покренат судска постапка.

Стечајна постапка за оваа компанија е отворена на 2 јули, годинава. Градежната компанија Бетон има вкупно 577 доверители, од кои што 124 се фирми, а останатите се вработените во оваа компанија. На 10 декември ќе се одржи Извештајно собрание во Основен суд-Штип, каде што доверителите треба да одлучат за судбината на Бетон. Има две опции едната е ликвидација, а втората реорганизација на компанијата.

Штипски Бетон на македонската јавност и е позната по тоа што беше најголем корисник на тендерските постапки од проектот Скопје 2014. 


Тестирањето на околу 800 штипски текстилни работници завршува утре - МИА
Вести

Регистрирани нови 147 случаи на КОВИД-19 и шест починати

Скопје, 4 јули 2020 () – Во изминатите 24 часа од направени 1296 тестирања регистрирани се 147 нови случаи на КОВИД-19. Институтот за јавно здравје регистрира и 111 оздравени пациенти. Од КОВИД-19 во овој период […]

Партиите не отстапуваат од средби со граѓаните, но ветуваат почитување на мерките - МИА
Вести

Предизборната кампања на средина, се вжештува реториката

– Предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е на средина, а партиите ја вжештуваат дебатата за економијата, правната држава и корупцијата. Партиите своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на средби […]

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово - МИА
Вести

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово

Скопје, 4 јули 2020 () – Засега нема препорака од Комисијата за заразни болести ниту пак одлука за затворање на границите со Србија и со Косово, потврди вчера премиерот Оливер Спасовски и истакна дека во […]