Утре и задутре без струја повеќе скопски населени места



Без струја утре неколку села во Петровец и Илинден - МИА

Скопје, 15 јули 2020 () – ЕВН Македонија информира дека утре и задутре без струја ќе бидат повеќе места во Скопје, во општините Ценар, Карпош, Гази Баба, Сарај и Петровец.


 

Во периодот од 08.00 до 14.00 часот, утре без електрична енергија ќе бидат корисниците од село Нерези, како и корисниците од селата Долно и Горно Свиларе.

Без струја од 08.30 до 12.00 часот утре ќе бидат дел од корисниците од улиците „Радњанска“, „Славка Недиќ“ и „Дане Крапчев“ во општина Центар. Во општина Гази Баба утре во периодот од 09.00 до 12.30 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од улица „Сава Михајлов“ бр. 18 и околните објекти во негова близина, како и корисниците од истата улица од бр. 43 до бр. 48. Од 09.00 до 14.30 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од улица „Жан Жорес“.

Во периодот од 09.00 до 14.00 часот, утре без струја ќе останат дел од корисниците од улица „Фјодор Достоевски“ во општина Карпош.

На ден 17 јули, в петок, без електрична енергија ќе останат корисниците во село Нерези и тоа во периодот од 08.00 до 14.00 часот.

Во периодот од 08.20 до 10.30 часот, в петок без струја ќе биде објектот на „Прогрес Компани“, како и корисниците од селата Дивље, Сушица, Чифлик, Живиње, Долно, Средно и Горно Коњаре во општина Петровец.

Во периодот од 09.00 до 12.00 часот, задутре без електрична енергија ќе бидат корисниците од улица „ Славе Георгиевски“ во општина Центар.

На 17 јули, во периодот од 09.00 до 14.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците „Франц Прешерн“, „Римска“ од бр. 1 до бр. 5, „Генерал Михајло Апостолски“ од бр. 1 до бр. 40, „Дрезденска“ од бр. 14 до бр. 46, „Алжирска“ од бр. 1 до бр. 40, „Анкарска“ од бр. 1 до бр. 17 во општина Карпош.ир/