Универзитетот во Тетово им додели стипендии на одлични студенти од прв и втор циклус


– Универзитетот во Тетово со одлука на Сенатот им додели стипендии на студенти од прв и од втор циклус на студии кои ги исполнуваат условите и тие се ослободени од плаќање на школарината.



-Годинава се доделени околу 100 стипендии на додипломски и постдипломски студенти кои ги исполнија потребните услови, како што е навремено завршување на обврските за студирање и со просечна оценка од најмалку 9,5. Студентите со овие стипендии, всушност, се ослободени од плаќање на семестарот, без оглед на износот на школарината, изјави Ибрахим Незири, раководител на канцеларијата за образование на ДУТ.

Од Универзитетот инфомираат дека поради пандемијата годинава сертификатите со решенијата за изземање од плаќање партиципација на студентите не им беа врачени на свеченост како во претходните години.