Улицата „Вељко Влаховиќ“ меѓу најпогодените од невремето во Берово

berovo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Улицата „Вељко Влаховиќ“ е меѓу најпогодените од невремето кое денеска попладне го зафати Берово. Екипи на Територијалната противпожарна единица учествуваа во испумпувањето на водата на една од блиските куќи, каде водата од обилниот дожд најмногу има навлезено, поплавувајќи мебел, покуќнина и електрични апарати за домаќинство.

Причина за навлегувањето на огромните количини вода е блискиот канал кој, како што велат, бил претрупан со ѓубре поради негрижата на несовесните.


Екипи на комуналното претпријатие и ТППЕ ќе продолжат со интервенции на терен со цел санирање на наносите од земја и песок на најпогодените улици.

Невремето кое денес околу 14:30 часот го зафати Берово беше проследено со град и силен ветар поради што поројните дождови предизвикаа штета на повеќе улици во централното градско подрачје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK