
Скопје, 2 октомври 2020 () – Прекин во водоснабдувањето денеска ќе имаат улицата Алпи бр. 1 во Железара и улица Крчин 6 во Козле.
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известуваат дека корисниците од улицата Алпи бр 1. прекин во водоснабдувањето ќе има поради приклучна цевка ф-1. Корисниците ќе бидат без вода од 9:00 часот, се до санирање на дефектот
Поради изведување на водоводен приклучок ф-80мм на улица Крчин 6, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Крчин, Копачка, Стрезово, Милан Марковиќ и Пијанец, од 09:20 часот се до завршување на интервенцијата.