Украдени влезни врати од станбени згради во Струмица

strumica_345353

– Засега непознати крадци откорнале и украле влезни врати од две станбени згради во Струмица. Украдени се вратите од двата влеза во зграда на улицата „Ѓорги Василев“ и една од зграда на улицата „Ристо Ќурчиев“.

Станарите дури утрово забележале дека останале без влезни врати откако тргнале на работа. Според нив, кражби имало и порано, но најчесто од подрумите и велосипеди.

Од струмичката полиција потврдија дека имало случај на кражба на влезна врата и преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кај нив бил пријавен само еден за одземена алуминиумска врата од станбена зграда на улица „Ристо Ќурчиев“, додека за останатите кражби досега немаат пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn