Училиштата во Аеродром подготвени за почетокот на учебната 2020/21 година


Училиштата во Аеродром подготвени за почетокот на учебната 2020/21 година - МИА

Скопје, 25 септември 2020 () – Осумте основни училишта во Аеродром подготвено го чекаат стартот на учебната 2020/21 година под нови услови и со нови протоколи, информираат од Општината.



Како што наведуваат во изминатиот период беа реконструирани и реновирани зградите на основните училишта, што опфати молерисување, обнова на тоалетите, замена на подовите, на прозорците и влезните врати, а беше извршена и повеќекратна дезинфекција на училишните простории.

За училиштата и за учениците, стои во соопштението, Општина Аеродром првпат набави нова спортска опрема и облека, училишни униформи и ИКТ-опрема, смарт-табли, прожектори и дидактички материјали.