Ученици се дружеа со писатели за деца и млади на традиционалното Литературно матине


Во рамките на јубилејната 20-та Литературна манифестација „Илинден 2019“ во Домот на култура „Илинден“ во Општина Илинден  се одржа традиционалното Литературно матине за деца. Учениците од оваа општина имаа ретка можност да се дружат со најистакнатите македонски писатели за деца и млади.

Во Домот на култура „Илинден“ пред најмладите со своите најнови творби се претставија писателите Стојан Тарапуза, Александар Поповски, Горјан Петрески, Перо Миленковски, Наум Попески, Мито Спасевски, Славка Арсова, Ванчо Полазаревски, Васко Мукаетов, Ксенија Маказиева Трајчева и Александар Кујунџиски.

– И годинава во рамките на Литературното матине за деца беа наградени најдобрите творби на учениците коишто учествуваа на конкурсот што го организираше Општина Илинден, по повод Литературната манифестација „Илинден“. Според претседателот на жири комисијата којашто ги избра најдобрите песни создадени од учениците, Перо Миленковски, и оваа година членовите на комисијата биле исправени пред слатки маки да изберат по само три најдобри творби од секое училиште, на чии автори, како и на нивните ментори, посебни награди и признанија им додели градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, соопштуваат од општинската прес-служба.

Признанија за особен придонес во развојот на културата и културните вредности, градоначалникот им додели и на писателите за деца и млади кои учествуваа на Литературното матине за деца.

Вести

Новиот закон за ЈО утре во Собранието, власта очекува поддршка од опозицијата

Владата утре Предлог-закон за Јавно обвинителство ќе го прати во Собранието. Очекуваме своите ставови пратениците да ги кажат во законодавниот дом, а ако имаат забелешки и да поднесат амандмани. Градењето дво-третинско мнозинство ќе биде во […]

Бизнис

Бензините поевтинуваат за еден, а дизелот за половина денар

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за еден денар, а на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Согласно новите цени, ЕУРОСУПЕР […]

Вести

Одбиено барањето на Кочан за одложување на затворската казна

Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан поради здравствени причини да му биде одложено издржувањето на затворската казна од четири години и осум месеци за […]