Триста илјади денари субвенции за купување велосипеди во Кавадарци

kavadarci
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Советот на општината Кавадарци попладнево донесе одлука за определување на максимален износ за доделување на поединиечна субвенција на граѓани за купување на велосипеди за оваа година.

– Максималниот износ за поединечна субвенција за купување на велосипед, по лице, се утврдува во износ од 50 проценти од вредноста на велосипедот, но не повеќе од три илјади денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, пишува во одлуката.


Финансиските средства со вкупен износ од триста илјади денари, за оваа намена, се обезбедени во буџетот на општината за оваа година.

Како што појаснуваат од Општината, целта е да се стимулираат кавадарчани за користење на велосипеди и да се даде поголем придонес во зачувувањето на животната средина и физичкото здравје на населението.

Начинот и критериумите за доделување на средствата за субвенционирање, ќе се определат со посебен правилник.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK