Три пати повеќе пријавени болни и изнемоштени лица за гласање во кочанскиот регион


Три пати повеќе пријавени болни и изнемоштени лица за гласање во кочанскиот регион - МИА

Кочани, 9 јули 2020 () – Вкупно 345 болни и изнемоштени лица од општините Кочани, Виница, Чешиново-Облешево и Зрновци, како и петмина жители на Кочани кои се во самоизолација поради Ковид-19, ќе гласаат во домашни услови.

Во споредба со минатогодишните претседателски избори, кога имаше 113 лица, евидентиран е тројно поголем број на пријавени болни и изнемоштени во четирите општини за претстојното гласање.

Од општинските изборни комисии потврдија дека во законскиот рок до нив биле поднесени вкупно 364 пријави, но дваесетина се одбиени затоа што не ги исполнувале потребните критериуми.

Најголем број од граѓаните кои ќе гласаат на 14 јули, вкупно 187 – се во Кочани, додека 97 во Виничко, а најмалку – 18 во општина Зрновци.

На избирачкиот список во четирите општини се запишани околу 58 илјади граѓани со право на глас, кои своето избирачко право ќе го остварат на 103 гласачки места.


Вести

Радикален исламист вооружен со нож уапсен во центарот на Лион

Француската полиција уапси радикален исламист во центарот на Лион. Според информациите објавени од француските медиуми, уапсеното лице (роден 1994 година) им било од претходно познато на разузнавачките служби. Тој бил облечен во џелаба и воена […]

Пендаровски со порака до учесниците во Охрид Ултра-Треил – Одржувањето на трката и покрај пандемијата говори за истрајност, солидарност и тимски дух - МИА
Вести

Нема потреба од нова вонредна состојба, став на Советот за безбедност

Нема потреба од воведување нова вонредна состојба, досегашните мерки и препораки за заштита од Ковид-19 се во насока на максимална заштита на здравјето на граѓаните, порачаа денеска претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и министерот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*