Три милиони денари доби Општина Кочани за мерките за намалување на аерозагадувањето 


Три милиони денари доби Општина Кочани за мерките за намалување на аерозагадувањето  - МИА

Кочани, 2 јуни 2020 () – Општина Кочани доби три милиони денари и одобрени два проекти за хортикултурно уредување на училишни дворови по јавниот повик на Владата на Република Северна Македонија за реализација на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година.

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули и градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев денеска посетија дел од објектите кои се опфатени со мерките за реализација на средствата од Програмата за намалување на аерозагадувањето.

– Со цел да се намали аерозагадувањето од институциите во централното градско подрачје, наменети се средства за набавка на опрема за греење, вентилација и климатизација во Центарот за култура „Бели мугри“, а ќе се изврши озеленување на дворните површини на основните училишта „Св. Кирил и Методиј“ и „Никола Карев“.  Енергетската ефикасност ќе биде подобрена во ОУ „Малина Попиванова“ каде ќе се реконструираат кровот и фасадата на училишната зграда, истакна градоначалникот Илијев.

При средбата со директорите, заменик-министерот Макрадули беше информиран за потребните идни интервенции за подобрување на зелените површини и енергетската ефикасност.

Распределбата на средствата од Програмата за намалување на аерозагадувањето што се реализираше преку Генералниот секретаријат на Владата, е базирана и на  месечните извештаи од Државниот автоматски мониторинг систем во 2019 година, кој покажа дека минатата година во Кочани имало 66 денови со надмината 24-часовна гранична вредност на ПМ10 честичките.


ДКСК отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот - МИА
Вести

ДКСК отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот

Скопје, 10 јули 2020 () – Државната кмоисија за спречување корупција на денешната седница одлучи да отвори предмет за владината парична помош на здруженијата и фондациите како дел од мерките за справување со кризата од […]

Вести

Новозаболени 205 лица од Ковид, починати шестмина, 336 оздравени

– Највисоки бројки на новозаболени регистрира денеска Министерството за здравство. Во последните 24 часа евидентирани се 205 нови случаи од кои повторно најмногу во Скопје. Оздравени се 336 пациенти, а починати се шест пациенти. Тројца починати […]

Можно е преземање мерки на границите за соседите при влез во државата - МИА
Вести

Владата изработи насоки за влез и транзит низ земјава за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ

Скопје, 10 јули 2020 () – Владата на предлог на Министерството за внатрешни работи во соработка со министерствата за здравство и за надворешни работи изработи насоки за начинот на транзит и на регулиран привремен или […]