Три физички напади пријавени во тетовската полиција


Три физички напади пријавени во тетовската полиција - МИА

Тетово, 15 јуни 2020 () – Тетовската полиција бележи пријави за три физички напади во текот на вчерашната вечер. Една од пријавите е за семејно насилство.

-Половина час по полноќ, 45-годишен тетовец во СВР Тетово пријавил дека во нивниот дом бил физички нападнат од неговиот 25-годишен син. Претходно околу 20 часот Б.Н.(44) од Тетово пријавил дека 10-тина минути претходно додека бил на работа во автоперална на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, бил физички нападнат од Б.Х.(37) од тетовско Гајре, од негов роднина и од уште едно непознато лице.  Во 23 часот и 45 минути, П.Џ.(30) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека на улица „Илинденска“ во Тетово, бил физички нападнат од 4 лица, кои по случена сообраќајна незгода со него, излегле од возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки и физички го нападнале, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Тетовската полиција сега работи на расчистување и документирање на  трите случаи.


Вести

Регистрирани нови 1085 случаи на Ковид-19, починале 12 лица

Во последните 24 часа се направени 3294 тестирања, а регистрирани се 1085 нови случаи на ковид-19, починале 12 лица, а оздравеле 283 лица, соопшти вечерва Министерството за здравство. Од новодијагностицираните случаи најмногу има во: Скопје-447, […]

Вести

Официјално Македонија со нов рекорд, 1085 новозаразени од Ковид

Ковид состојба 31.10.2020 Новозаразени: 1085 Тестирани: 3294 Оздравени: 283 Починати: 12 Вкупно дијагностицирани: 31572 Вкупно оздравени: 20731 Вкупно починати: 994 Активни случаи: 9847   Ковид состојба 31.10.2020 Новозаразени: 1085 Тестирани: 3294 Оздравени: 283 Починати: 12 […]

Вести

Од вторник во Австрија „локдаун“ и полициски час

Австриската Влада вечерва одлучи да спроведе „заклучување“ по вторпат оваа година, поради драматичната епидемиолошка состојба, од вторник, 3 ноември, со полициски час од 20 до 6 часот наутро. Австрискиот канцелар Себастијан Курц на прес-конференција рече […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*