Традицијата во чест на „Св. Пантелејмон“ и годинава продолжува на Голак



Традицијата во чест на „Св. Пантелејмон“ и годинава продолжува на Голак - МИА

Делчево, 8 август 2020 () – И покрај откажувањето на манифестацијата „Голачки фолклорни средби“, манастирот „Св.Пантелејмон“ и годинава е зборното место на делчевци, виничани и жителите на останатите места кои секоја година во чест на народниот исцелител ја посетуваат планината Голак.

Манастирот кој се наоѓа под врвот Мала Чавка и годинава граѓаните како што рекоа го посетија за свое и здравје на своите најблиски.

-Ова е православна традиција, иако без културно-уметничка порграма дојдовме во чест на „Св.Петка“ и го посетивме овој манастир во чест на утрешниот празник „Св.Пантелелејмон“.Од Тработивиште сме и доаѓаме секоја година овде да ја одбележиме православната традиција. Нека е на помош празникот на сите, истакна жителка на село Тработивиште која вечерва го посети манастирот на Голак.

Свештеникот Васко Шонтевски рече дека за време на посетата на манастирот се почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19.

-Иако сега сме во ситуација кога имаме пандемија, традицијата која е позната за христијанската вера продолжува овде на Голак каде луѓето преспиваат. Така било отсекогаш по божја воља, тоа е празник за сите оние кои имаат мака да се излечат, бидејки се смета дека Пантелејмон ги лекувал луѓето, истакна Шонтевски.

Меѓу присутните на Голак имаше посетители и од блиските села.

-Од Драгобраште сме, овде по традиција славиме на Голак. Малку е ладно и поради тоа нема да преспиеме, но ќе поседиме некое време и ќе го одбележиме денот, истакнаа посетители од виничкото село Драгобраште.

На пат кон Голак, но и на самата планина беа забележливи возила на делчевската полиција кои како дел од мерките за заштита од коронавирусот дозволуваа ограничено присуство на посетители.


Вести

Протест за декриминализација на марихуаната пред Основниот кривичен суд во Скопје

Протест за декриминализација на марихуаната и поддршка на активистот Филип Достовски се одржа денеска пред зградата на Основниот кривичен суд во Скопје. Претседателот на здружението Зелена национална агенда за Македонија – ЗНАМ Огнен Узуновски, рече […]

Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Нови 152 случаи на Ковид 19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на Ковид-19, починале две лица, додека оздравени се 126 пацинети, соопшти денеска Министерството за здравство. Од новите случаи најмногу има во: […]

Вести

МОН со последни подготовки пред стартот на учебната година, за СОНК има недостиг на технички средства

– Анализите направени од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) покажуваат дека голем дел од училиштата немаат обезбедено технички средства за следење на онлајн настава, но од Министерството за образование и наука уверуваат дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*