Тетовци досега вкупно добиле 3676 поднесоци за неносење заштини маски


Тетовци досега вкупно добиле 3676 поднесоци за неносење заштини маски - МИА

Тетово, 17 септември 2020 () – Од 1-ви мај 2020 година кога стапи на сила владината уредба за задолжително носење заштитни маски на лицето за превенција од ширење на коронавирусот на тетовското подрачје досега изготвени се 3676 поднесоци, информира денес СВР Тетово.

За дел од нив се изготвени платни налози кои се платени веднаш или по судски пат, а има и  писмени предупредувања. Согласно уредбата за  таков платен налог глобата е 20 евра во денарска противвредност.

-Секторот за внатрешни работи Тетово неделава значително ги засили контролните активности кои се однесуваат на користење заштита на лицето во возила, патнички комбиња и автобуси, а кои континуирано се реализираат неколку месеци наназад. На сите кои не ја почитуваат, односно не се придржуваат на владината Уредба со која се регулира задолжителното носење на заштита на лицето, на начин и место утврдени со истата, им се изготвуваат поднесоци. Секторот за внатрешни работи Тетово им укажува на возачите и другиот работен персонал во комбиња или автобуси стрикно да се придржуваат на Уредбата за која станува збор и да не превезуваат лица без заштитни маски, но и повеќе од максимално дозволениот број на патници.Зашто, во спротивно возилата ќе бидат исклучувани од сообраќај и ќе им се изготват поднесоци, не само на физички, туку и на правните лица, се вели во соопштението на СВР Тетово.

Во текот на изминатото деноноќие,  според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за неносење заштитни маски на 34 лицa изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6  од соодветната владина Уредба. цр

 


Вести

Регистрирани нови 1085 случаи на Ковид-19, починале 12 лица

Во последните 24 часа се направени 3294 тестирања, а регистрирани се 1085 нови случаи на ковид-19, починале 12 лица, а оздравеле 283 лица, соопшти вечерва Министерството за здравство. Од новодијагностицираните случаи најмногу има во: Скопје-447, […]

Вести

Официјално Македонија со нов рекорд, 1085 новозаразени од Ковид

Ковид состојба 31.10.2020 Новозаразени: 1085 Тестирани: 3294 Оздравени: 283 Починати: 12 Вкупно дијагностицирани: 31572 Вкупно оздравени: 20731 Вкупно починати: 994 Активни случаи: 9847   Ковид состојба 31.10.2020 Новозаразени: 1085 Тестирани: 3294 Оздравени: 283 Починати: 12 […]

Вести

Од вторник во Австрија „локдаун“ и полициски час

Австриската Влада вечерва одлучи да спроведе „заклучување“ по вторпат оваа година, поради драматичната епидемиолошка состојба, од вторник, 3 ноември, со полициски час од 20 до 6 часот наутро. Австрискиот канцелар Себастијан Курц на прес-конференција рече […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*