Тестирањето на околу 800 штипски текстилни работници завршува утре


Тестирањето на околу 800 штипски текстилни работници завршува утре - МИА

Штип, 6 јуни 2020 () – Забраната за работа во штипските тестилни и кожарски фабрики и денеска се почитува, информира градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски и Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец“. Масовното тестирање на работниците денеска се реализира во една, а утре завршува во последната која беше затворена. Во таргетираното тестирање се опфатени околу 800 работници од седум конфекции.

Директорката на Центарот за јавно здравје, Марија Димитрова вели дека над 70 отсто од активните случаи се текстилни работници од седумте конфекции, најмногу има во првата која беше затворена, таму од сто работници над 50 се заразени со коронавирусот.

-Од 104 активни случаи до вчера од нив 77 се текстилни работници, а остнатите се членови на нивните семејства. Утре завршуваме со скринигот на конфекциите. Потоа целосно ќе се посветиме на тестирање на контактите на досега позитивните, бидејќи ни се појавија поединечни случаи за кои засега не можеме да утврдиме дали се поврзани со кластерот на конфекциите, вели Димитрова.

Во понеделник кога завршува забраната за работа две од конфекциите нема да работат. Соптсвениците ги пуштиле работниците на годишен одмор.

Штипскиот градоначалник, Бочварски вели дека оние кои од понеделник ќе ги отворат погоните мора да имаат Ковид 19 координатори. Тие ќе ги предупредуваат работниците за држење на дистанца и носење на маските во фабриките, но и за време на паузите.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за информира дека на Инфективното одделение се хоспитализирани 21 пациент позитивни на Ковид 19, а две лица чекаат резултатите од земените брисеви. Пациентите се со лесна и средна клиничка слика, а некои од нив и на повремена кислородна поддршка. вдј/


Партиите не отстапуваат од средби со граѓаните, но ветуваат почитување на мерките - МИА
Вести

Предизборната кампања на средина, се вжештува реториката

– Предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е на средина, а партиите ја вжештуваат дебатата за економијата, правната држава и корупцијата. Партиите своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на средби […]

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово - МИА
Вести

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово

Скопје, 4 јули 2020 () – Засега нема препорака од Комисијата за заразни болести ниту пак одлука за затворање на границите со Србија и со Косово, потврди вчера премиерот Оливер Спасовски и истакна дека во […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита

Скопје, 4 јули 2020 () – Бројот на заразени со коронавирус во државава и натаму е висок. Според вчера објавените податоци, нови 165 случаи со Ковид-19, седум починати и 128 оздравени се регистрирани во државава. […]