Тактичко-показна вежба на Територијалната противпожарна единица од Делчево

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во деветолетката „Св. Климент Охридски“ во Делчево денеска се одржа тактичко-показна вежба на Територијалната противпожарна единица од Делчево инсценирана со симулација на пожар и евакуација на повредени лица од зградата на училиштето.

По дојавата за пожар во основното училиште, како што информираа од ТППЕ Делчево реагирано е со 11 пожарникари, со три противпожарни возила и професионална скала за противпожарни интервенции на високи објекти при што беше изганснат пожарот, евакуирани децата и вработените во училиштето, а беше извлечено и повредено лице од објектот.


Овие вежби, како што информираше градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски се редовна практика на ТППЕ Делчево и се изведуваат со цел да се види подготвеноста и физичка и психичка на пожарникарите во услови на појава на пожар во објектите на институциите во градот, но и да се провери исправноста на опремата.

– Изминатиот период, во континуитет работевме за да ја подобриме опременоста на единицата, но и условите за престој на пожарникарите. Обезбедивме и ново противпожарно возило, донација на две противпожарни возила како и опрема за лична заштита на пожарникарите, што значи дека на нивната професионалност додаваме битен елемент за нивната лична заштита, рече Трајковски.

Тој испрати искрени честитки на делчевските пожарникари по повод Денот на пожарникарите и огромно задоволство што делчевските пожарникари се за пример во регионот, по нивната експедитивност, ефикасност и пожртвуваност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK